Forbes: Трета година по ред најбогат Македонец е Минчо Јорданов

од desk3
265 прегледи

Tрета година по ред најбогат Македонец е Минчо Јорданов, сопственикот на голем број металуршки и градежни компании, а вредноста на неговите акции е 26, 4 милиони евра, објави „Форбс“.

минцо

Втор е првиот човек на Макпетрол, Андреј Јосифовски со 22,5 милиони евра во акции.

Според „Форбс“, првите три места на годинашнава листа на најбогатите бизнисмени во регионот ги држат тројца Хрвати, Ивица Тодориќ, сопственик на Агрокор, Бранко Роглиќ, сопственик на компанија за дистрибуција и Емил Тедески, сопственик на Атлантик груп.

На четвртото место се враќа бизнисменот од Србија Мирослав Мишковиќ.