„Форбс“: 23-годишен заработил најмногу во историјата на YouTube (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

ЏИМИ ДОНАЛДСОН, попознат како MrBeast, заработил 54 милиони долари во 2021 година и со тоа стана јутјубер со најголема заработка во историјата, пишува „Форбс“.

23-годишникот има 88,3 милиони претплатници на YouTube и моментално е неговиот осми канал со најмногу претплатници на целиот YouTube. Видеата на Доналдсон имаат повеќе од 10 милијарди прегледи. Во 2021 година, тој објави, меѓу другото, видео во кое го рекреираше Squid Game во реалниот живот. Тоа видео го погледнале повеќе од 200 милиони луѓе.

Инаку, MrBeast е пионер во жанрот на видео на YouTube кој се фокусира на скапи акробации. Тој почна да објавува на YouTube на почетокот на 2012 година. Тој стана интернет сензација откако неговото видео наречено „Counting to 100.000“ беше прегледано десетици илјади пати за само неколку ден. Со текот на времето, тој почна да објавува видеа со предизвици, тешки задачи или преживување.

Џими за најплатени на YouTube на листата на „Форбс“ го престигна 10-годишниот рецензент на играчки Рајан Каџи, кој беше на врвот во последните две години. По Џими, следниот најплатен јутјубер во 2021 година е Џејк Пол, третото место му припадна на Markiplier, а потоа следуваат американското комично дуо Рет и Линк и Нејтан Џонсон Греам.

Слични содржини