Форбс го избра најбогатиот рапер и откри колку годишно заработува

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Трета година по ред, Пи Диди е на врвот на листата што ја подготвува магазинот “Форбс”. На неа кралот на хип-хопот има заработено 130-те милиони долари, објави Би-Би-Си.
По него следи Дрејк со 94 милиони долари, а со 42 милиони долари на трето место е Џеј Зи. Меѓу првите 20-ет, има само една жена, а тоа е Ники Минаж. Вистинското име на Пи Диди е Шон Кобс. Роден е на 4 ноември 1969 година во Харлем. Кога имал само две години, неговиот татко бил застрелан во улична престрелка, по што неговото семејство се преселило во друга област во Њујорк.