“Форбс” објави листа на писателки, чии дела во 2016 им овозможиле на авторките да добијат највисоки приходи кои надминуваат вкупно 90 милиони долари.
Во листата на највисокоплатените автори за минатата година жените заземаат 6 од вкупно 17 места.
На прво место е “мајката” на Хари Потер Џоан Роулинг. За 2016 книгите за волшебниот свет ѝ донеле 19 милиони долари. Во заедничката листа Роулинг е трета.
На второ и трето место во дамите листа се романистките Нора Робертс и Даниел Стил со еднаков годишен приход од 15 милиони долари.
Авторката на “50 нијанси на сиво” Ерика Џејмс е на четвртото место со 14 милиони долари. На петтата позиција е Пола Хокинс, авторка на екстремно популарната книга “Девојката во возот”, која заработила 10 милиони долари.
“Форбс” објави и листа на најбогатите ѕвезди на шоу-бизнисот. На чело е раперот и музички продуцент Пи Диди, кој заработил во 12-те месеци до 1 јуни годинава 130 милиони долари.