Форбс: Ријана и официјално е милијардерка

од Nikola Popovski

Богатството на поп -пејачката Ријана се проценува на 1,7 милијарди долари, што ја прави најбогата музичарка во светот, но музиката не е примарниот извор на нејзиното богатство, објави во средата списанието „Форбс“.

Поголемиот дел од богатството на пејачката родена во Барбадос, чие вистинско име е Робин Фенти, од кои 1,4 милијарди долари, доаѓаат од 50 проценти од акциите во козметичката линија „Фенти бјути“, објави „Форбс“.

Остатокот од богатството на Ријана доаѓа од нејзиниот удел во „ Savage x Fenty“ за долна облека и од приходите што ги заработува како пејачка и актерка.

Козметичката компанија на Ријана, чија втора половина ја поседува „LVMH“, е позната по широката палета од 50 тонови на кожа, вклучително и темни тонови за жени со темна кожа, што беше реткост кога компанијата беше формирана во 2017 година. Како резултат на тоа, таа стана лидер во однос на вклучувањето во индустријата.

Пејачката на хитот „Umbrella“ и „Love the Way You Lie“ е втората најбогата забавувачка зад Опра Винфри, додава Форбс.

Слични содржини