Автомобилскиот гигант “Форд” ги објави плановите да инвестира вкупно 1 милијарда долари во рок од 5 години во создавањето на вештачка интелигенција и производството на автономни автомобили.
Од “Форд” се одлучиле да ја пренесат задачата на седиште во Питсбург стартап Argo AI, кое беше формирано пред само година од поранешни вработени на “Гугл” и “Убер”.
Кон компанијата ќе бидат ангажирани уште 200 водечки инженери и работници во областа на роботиката, кои ќе го развиваат “мозокот” на беспилотните возила – “виртуелниот возач”.
Потпретседателот на автомобило производетлската гаража Наир рече уште дека истражувањата за постигнување на целосна автономија поминале “надвор од фазата на научните студии”, но се уште останува потребата од “огромен скок” меѓу веќе постоечките технологии за виртуелен водич и целосната роботизација.