Ford Mustang Mach-E помина повеќе од 916 километри со едно полнење на батеријата

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Електричниот Mustang Mach-E на Ford постави нов светски рекорд за поминато растојание со едно полнење на батеријата.

Кевин Букер и Сем Кларк наизменично се менуваа зад воланот на Mustang Mach-E, додека Ричард Паркер беше совозачот. Тие го возеа Mach-E Premium Extended Range RWD во период од 24 часа и поминаа 916,74 километри, соборувајќи го претходниот рекорд од 907,62 километри.

Букер и Кларк возеле низ Норфолк, Линколншир, Јоркшир, Нотингемшир, Лестершир и Кембриџшир по урбаните и руралните патишта за да симулираат услови во реалниот свет. Тие користеа неколку методи за да го докажат својот успех, вклучувајќи независно потврдена снимка, читања на часовници, GPS податоци и информации за нивото на батеријата преземени од Webfleet.

Споменатиот модел користи батерија со капацитет од 91 kWh, која овозможува автономија од 600 километри (WLTP), но за да се постигне рекордот тимот направи неколку измени. Тие ги заменија стандардните бандажи од 19 инчи со сет од 18 инчи, а поставија гуми Bridgestone со низок отпор на тркалање. На овој начин тие „извадија“ дополнителни километри од батеријата.

Всушност, рекордот за најдолго возење со едно полнење на батеријата го држи возилото muc022 произведено од студенти. Во 2023 година поминале дури 2.573,79 километри, но треба да се каже дека не е сериски електричен автомобил како Mustang.

Слични содржини