Foreign Policy објасни зошто Украина ќе биде голем проблем за САД

од desk3
98 прегледи

Украина ќе стане голем проблем за новиот претседател на САД: во неа ништо не е онака како што изгледа, пишува Foreign Policy.Новиот претседател на САД на шпоретот го чекаат бројни нерешени проблеми, кои авторот на публикацијата Марк Пфејфле (поранешен советник за национална безбедност на САД) ги споредува со тенџериња. Меѓу нив е едно со натпис “Украина”, кое ризикува да изкипи.

20161008-pygivfylyv

“Проблемите на земјата се жешка рингла од поткуп, кражби, официјална корупција и дури убиства – и ништо не е онака како што изгледа на прв поглед” – вели тој.

Според него, Украина исчезна од националното самосознание на САД, како и другите политички фијаска на Вашингтон – Либија, Сирија и ИД.

“Деликатната политика на морковот и стапот, кон која се придржува Барак Обама, не проработи, и одамна вриечкиот украински котел може да се прелее во лоша криза во односите меѓу Москва и Вашингтон од времето на Студената војна” – тврди тој.

При тоа, според него, самите Украинци повеќе ги интересира корупцијата во земјата, од колку руската агресија.

Украина останува клептократија, независно од направените обиди во последните 25 години за измена на работите.

Пфејфле ја споредува политичката историја на земјата со ” размена на затвореници во режим нон-стоп”: еден легално избран претседател е протеран од земјата за време на востание, друг е осомничен дека извршил убиство, трет е обвинет за слабеење на политичките институции и губење на шанса за обнова на земјата.

Тој потсетува на документи од “панамскиот архив” дека додека украинската војска отстапувала од Донбас, Порошенко бил ангажиран со регистрација на офшорки.

“Порошенко е најбогатиот лидер во Европа според податоците на Forbes и покрај сите негови ветувања да си го продаде имотот, ништо не продал” – пишува Пфејфле.

Како и неговиот претходник Виктор Јанукович, Порошенко ја избриша тенката граница помеѓу политика и бизнисот во Украина и најде начин да се збогатува, додека неговата земја ја преживува најлошата економска и политичка криза од времето на стекнување на независноста, нагласува Пфејфле.

“Новиот претседател на САД треба да се научи да ги разликува вистинските реформатори на Украина и оние кои станаа од антикорупциски крстоносни војници во профитабилни бизнисмени. Новиот претседател треба да умее да ги разликува реалните активности од празните зборови “- прави заклучоци Пфејфле.