ДНК-та на повредените во кривично дело останува неограничено на предметите на кои е извршено злосторството, но утврдувањето на кого припаѓа може да биде неточно доколку се помешаат повеќе ДНК, објаснија форензичарите, повикувајќи се на наводите дека во индустриската мелница за месо користена од криминалната група на Вељко Беливук биле пронајдени човечки траги, пренесе „Телеграф.рс“.
Форензичарот Оливер Стојковиќ вели дека биолошкиот материјал на секоја личност, особено на повредените во кривично дело, може да се зачува илјадници години доколку условите во животната средина се соодветни за складирање, а подрумите не се лоши за тоа.
– Подрумите се добри услови за складирање на каков било биолошки материјал, па и човечки – рече Стојковиќ за ТВ К1.
Форензичкиот генетичар Душан Кекаровиќ објаснува дека во машината може да има и траги од животни бидејќи тоа е индустриска машина за мелење месо и дека е потребно да се пронајдат и изолираат човчките траги.
– Најдовте трага од ткиво, ја снимивте, изолиравте ДНК, добивте генетски профил, човечки материјал, па сте го споредиле. Во таа смисла, имате постапка – додава тој.
Според него, доколку се најдат траги од крв, потребно е прво да се докаже дека се траги од крв, потоа да се направи ДНК-анализа и да се добијат резултати, сепак, ако има мешани траги, тогаш е потешко да се утврди со сигурност кому му припаѓа ДНК.
– Тешко е да се добијат статистики над четири лица, со кои со сигурност може да се потврди дека тоа е нечија трага. Имате проблем во мешаната трага, мора да докажете чија е таа крв – рече Кецаровиќ.