Форензичкиот антрополог Фотис Андронику од Меѓународната комисија за исчезнати лица (ICMP) рече дека без значителна помош од украинските власти и меѓународната заедница, идентификацијата на жртвите од војната во Украина може да трае со децении.
„Имајќи ги предвид другите случаи на кои сум работел и врз основа на искуството, би рекол дека процесот на идентификација на жртвите во Украина ќе трае многу, многу години“, изјави Андронику за британски „Индипендент“.
Андронику го наведе примерот на Кипар, каде и по 48 години од конфликтот, 50 отсто од жртвите не се идентификувани.