Формирана Коалиција за медиумска писменост

од Vladimir Zorba
152 прегледи

Со доделување грантови на осум граѓански организации, Високата школа за новинарство и односи со јавноста во партнерство со Институтот за различности во медиумите од Лондон и дневниот весник „Нова Македонија“ денеска ја промовираше Коалицијата за медиумска писменост, поддржана од Европската унија.

timthumb

Александра Теменугова од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста информира дека Коалицијата за медиумска писменост е една неформална платформа составена од граѓански организации и медиуми со една единствената цел – да ја едуцира јавноста, посебно граѓаните и младите.

– Како никогаш досега немало потреба  луѓето да бидат едуцирани и да имаат вештини за да умеат да ги препознаваат вистинските информации во оваа ера на наплив на информации, каде секој објавува сешто и затоа е важно да знаат да разликуваат што е манипулација, лага, спин, рече Теменугова.

Според неа, важно е граѓаните да умеат да ги користат медиумите како алатка за да добијат гласност во јавноста која, како што рече, во моментов е узурпирана од моќните политичари и богатите корпорации.

Таа информира дека коалицијата ќе работи во форма на осум заеднички партнерства меѓу граѓанските организации и медиуми. Тоа се првите членови на оваа коалиција.

Јаромир Левичек од Делегацијата на ЕУ истакна дека медиумската писменост претставува основна компетенција за граѓаните во 21 век и додаде оти со тоа се подобрува способноста за критичко размислување за тоа што добиваме од медиумите и што се објавува кај нив.

Според него, медиумската писменост им овозможува на граѓаните да учествуваат активно во демократските процеси. Додаде дека е потребна силна финансиска поддршка за развој на програмите за медиумска писменост.

Слични содржини