– Буквално до секој човек то живее во оваа наша земја, ако сака, ако смета дека е сега моментот да се приклучи, да го направи тоа затоа што нашата цел со овој документ е да дадеме поддршка на концептот на граѓанска Македонија и да се обединиме во натпартиска коалиција, општонародна натпартиска коалиција, која ќе ги испорача своите барања на 17 мај, кога е закажан големиот општонароден протест пред Владата на Република Македонија.
Оние што сакаат да го направат тоа, можат да го направат и со потпишување на тој документ. Оние кои сакаат на поинаков начин, во поинаква форма да го сторат тоа, да дадат поддршка на оваа иницијатива, можат да го направат тоа – изјави Пендаровски.
98
