Формирани три групи за проценка на штетите од пожарот во ТЦ „Глобал“

315 прегледи

Сопствениците на дел од дуќаните во ТЦ „Глобал“ во Струмица ќе се поделат во три групи за да ги проценат штетите од катастрофалниот пожар, кои се оштетени комплетно или делумно, заедно во соработка со ОЈО од Струмица и МВР кои ќе ја вршат проценката, денес информираше Илија Митревски од здружението „Фер есап“.

Како што вели тој, во следните денови ќе започне проценката на штетите.

„Во зависност од тоа кој стопанственик како е поделен во соодветната група ќе следува постапка за да ги еведентираат и проценат штетите“, истакна Митрески.

Тој додаде и дека штетите се големи, но не сака да шпелулира со конечната бројка.

„Секој правен субјект со попис и сметководствена евиденција ќе си утврди колкава му е штетата и според тоа ќе се води постапка за за да им се помогне на оштетените“, информираше Илија Митрески од Здружението за заштита на правата и интересите на трговците „Фер Есап”.

Во пожарот, кој избувна на 2 овој месец во 23:12 часот, опожарена е една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот, а урнат е и дел од покривот.

Слични содржини