Сезоната во Формула 1 во 2025 година изгледа сосема поинаку во споредба со минатогодишната кампања, особено ако ги споредиме настаните од првите пет тркачки викенди. Минатата година во овој период, Макс Верстапен и „Ред Бул“ беа неприкосновени лидери, додека сега Оскар Пјастри има три победи во првите пет старта.
Трките се многу понеизвесни и поинтересни во однос на 2024 година. Кај тимовите, нов лидер е „Мекларен“, со 188 бодови во првите пет кола, се наоѓа на првото место во конструкторскиот поредок. Минатата сезона тимот беше на третата позиција со 96 бодови, што значи дека оваа година собра 92 бода повеќе.
Тимот на „Мерцедес“ исто така напредуваше, од четвртото на второто место кај конструкторите. Сега поранешните шампиони имаат 111 бодови, додека лани имаа само 52, што претставува напредок од 59 бодови. „Ред Бул“ падна на третото место, од 195 бодови лани на 89 сега, при што речиси сите поени ги освои Макс Верстапен. Серхио Перез имаше многу подобри перформанси на почетокот на 2024 година отколку што покажува сезонава.
Друг тим што губи позиции во однос на лани е „Ферари“, сега има 78 бодови, а лани во истото време имаше 151. „Црвеното коњче“ падна за две позиции во генералниот пласман.Најголем напредок бележи „Вилијамс“, тимот сега има 25 бодови, додека лани сè уште немаше освоено ниту еден по првите пет кола. Од осмото место, се искачи на петтото.