Формула 1 го одби Андрети

од Vladimir Zorba
173 прегледи

Апликацијата на американскиот тим Андрети да стане 11-та екипа на Формула 1 од 2025 или 2026 година беше одбиена, соопшти Формула 1.

Ф1 ја одби апликацијата на тимот Андрети со образложение дека „не верува дека тимот ќе биде конкурентен или ќе додаде квалитет на натпреварувањето“.

– Утврдивме дека 11-та екипа нема да придонесе за квалитетот. Не веруваме дека апликантот би бил конкурентен учесник – се наведува во соопштението на Ф1.

Ф1 ја остави можноста за потенцијален влез на американски тим во 2028 година. Иако Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) ја одобри апликацијата на Андрети, раководството на Формула 1 го имаше последниот збор и реши да го одбие американскиот тим.

Слични содржини