Британскиот возач на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата за Големата награда на Белгија во Формула 1, откако беше најбрз во денешната квалификациска сесија (1:40.562 минути).
Австралиецот и негов колега Оскар Пјастри, кој е водечки во генералниот пласман, го освои второто место, 85 илјадити секунди зад него.
Зад нив се најде Шарл Леклер со Ферари, додека победникот во спринтот – Макс Верстапен (Ред Бул), го освои четвртото место.