Џеси Галан наполни 109 години на 2 јануари 2016 година Таа е најстариот човек во Шкотска, и а зошто не и еден од најмудрите. Енергичната жена не престанува да е активна и се радува на секој изминат ден, се труди да го поминува своето време со пријателите и да не запира со активностите . Има само едно нешто со кое никогаш не се занимава – со мажи. “Правам многу вежби и јадам по една убава топла каша секое утро”, вели Галан за британскиот весник “Дејли Меил”.

“Секогаш сум работела напорно и ретко сум земала одмор. Заминав од дома, кога бев на 13 и почнав работа – молзев крави. Секогаш сум работела на добри места со пријатни луѓе. Невеоројатно е колку е различен светот во моментов од оној во кој сум пораснала “, додаде таа.
“Мојата тајна за долг живот е да се држат настрана од мажите. Креираат повеќе проблеми отколку што вреди.”
