(ФОТО 18+) Амбер Роуз предизвикува со интимни влакна

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Амбер Роуз е од жените кои ги сакаат скандалите и провокациите. И бидејќи веќе не се натпреварува со Ким Кардашијан за вниманието на Кание Вест, кој е нејзиниот поранешен дечко и медиумите многу не се фокусираат на неа, одлучи да го привлече нивното внимание со нов предизвик. Раскошниот модел прикачи свое селфи во Инстаграм, на кое позира без гаќи.

Се разбира, сликата беше избришанa од администраторите на социјалната мрежа речиси два часа подоцна, но веќе беше предизвикала вистинска фурија во мрежата, бидејќи интимните делови на Роуз се видливо влакнести.

Самата ѕвезда изјави во Инстаграм дека “не ѝ е гајле” од отстранувањето на селфито, бидејќи таа веќе ги изјавила намерите и ставовите сосема јасно. Изгледа Амбер е фан на влакната во интимната област и сака да го воскресне тоа како мода.

Со часови, моделот прикачуваше на својот профил кадри на нејзини фанови кои позирале на сличен на неа начин. Некои се снимале голи, прикривајќи ги органите со перика и други влакнести предмети. Мажите едноставно ставиле некое смајли во областа на меѓуножјето.

Потсетуваме дека пред некое време друга ѕвезда се објави категорично за влакната, само во областа на пазувите. Станува збор за Мадона, која не само што ја затрупа мрежата со влакнести селфиња, но дури и го помина целиот концерт без брич.

Видете ги резултатите од предизвикот на Амбер во галеријата.