(ФОТО 18+) Кејт Мос во само неколку дена целосно гола, па со шината рака

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Топмоделот Кејт Мос се појави во центарот на Лондон со преврзана десна рака. Убавицата видливо претрпела инцидент и го повредила зглобот на кој има специјална шина која ѝ ја зафати и раката до лактот.

Мос беше забележана од папараците додека пазарува во центарот на англиската престолнина, Облечена во целосно црна облека со леопардски принт.

Подоцна Мос седна на кафе со пријателите, а на имобилизираната нејзина рака очигледно не ѝ пречи да држи цигара.

Само пред неколку дена пак Кејт Мос изгреа на корицата на списанието W со Џенифер Лопез, Џесика Частејн, Тараџи Хенсон и дизајнерката Донатела Версаче.

43-годишната русокоса сепак единствена која се снимила сосем гола.

Фото: Splash

Фото: W