(ФОТО 18+) Светски дизајнер шокираше со изборот на модели: коски, голи гради…

од Vladimir Zorba
154 прегледи

Новиот креативен директор на “Ив Сен Лоран” Ентони Вакарело ја претстави колекцијата на брендот на модната недела во Париз. Од првиот ред церемонијата беше гледана од топ моделот Кејт Мос, Зое Кравиц, Кетрин Денев и уште многу познати личности.

Оскудно облечените модели немаше како да останат незабележани. Кожените фустани по телото и високите до коленото стриптизерски чизми ги приковаа погледите како магнет. Моделите кои ја претставуваа колекцијата пролет / лето беа вистински анорексични.

Облечени во наметки, широки палта и акценти од кафеава и црна кожа, коските им се оцртуваа под скапата брендирана облека.   Преовладува актуелните бои: металик и кадифе.

А моделите – јакни и сјајна облека за забава. Длабоките деколтеа се карактеризираа со променлива асиметрија. Многу од моделите дури беа со разголени гради. Потсетуваме дека веќе неколку години се води кампања во модните кругови, која се обединува цврсто против моделите со нездрава тежина.

Дури и најпопуларниот бренд за секси долна облека Victoria’s Secret се вклучи во неа, и забрани на моделите да гладуваат, а наместо тоа секоја да води здрав начин на живот и тренира редовно да одржува заводливи форми. Versace, Givenchy и уште многу го следеа примерот.

Изборот на “Ив Сен Лоран” благо речено е изненадување кое нè врати во ерата на грди слаби модели со малку болен изглед.