Г-дин 50 нијанси на сиво – Џејми Дорнан, ги покажа плочките по стомакот на одмор со својата кино партнерка Дакота Џонсон.
Во моментов двајцата се наоѓаат некаде во регионот на Јужна Франција, каде комбинираат бизнис со задоволство. Тие ем се на одмор, ем снимаат сцени на плажа од продолжението на екранизацијата на еротскиот роман “Педесет нијанси на сиво”.
Поинтересно во случајот е дека Џејми ја довел со себе и својата сопруга Амелија Ворнер, која неодамна му подари второ дете.Очигледно г-ѓа Дорнан нема ништо против друштвото на кино-омилената на својот маж, иако ликовите – Кристијан Греј и Анастејша Стил веќе снимија доста секс сцени.
Освен што 34-годишниот ирски актер покажа неверојатно тело, 26-годишната Дакота исто се прошета со откроен жолт костим за капење и покажа одлична женска фигура.
Двете продолженија на филмот “Fifty Shades Darker” и “Fifty Shades Freed” ќе излезат во кината во следните две години – на 10 февруари, 2017 и на 9 февруари 2018 година.
Според гласините двајцата актери во моментов снимаат сцени од својот кино меден месец.


Фото: splashnews.com