Ѕвездата од филмот “Трансформери” Шаја Лебуф се ожени за неговата девојка Миа Гот, со која се запозна на сетот на “Nymphomaniac: Volume II”, во режија на Ларс фон Трир.

Двојката, која беше во врска 4 години, за церемонијата не потроши повеќе од 700 долари, пишува TMZ.

Прославата била прилично ексцентрична, а младоженците пристигнале во розов Кадилак во Лас Вегас. Лебуф бил во костум на Елвис Присли, а на настанот била поканета и изведувачка на хавајски танци. Двојката уште не одлучила каде ќе патуваат за медениот месец.

Лебуф стана познат по улогите во “Transformers”, “Indiana Jones and the Kingdom of the Crystal Skull”, “Nymphomaniac”, “Fury” и др.

22-годишната Миа Гот игра со него во производството на Трир, а исто така и учествува во снимањето на филмот “Еверест”.