ФОТО: Бабичка со цвеќињата од Партизанска, не потсетува дека среќата ја прават малите нешта

од Берта Китинска
483 прегледи

Скопјанецот Димитар Ангелкоски на својот Фејсбук профил објави еден фотографија од „Партизанска“  која кмногумина потсети дека убавината е во малите нешта.

„Ја прашувам, колку ти се цвеќињава бабо? Малите 50 денари, големите 100 денари.И викам, дај ми едно големо и ѝ давам 200 денари. Не треба кусур бабо.Ама синко многу ми даваш, јас некогаш цел ден седам тука за 200 денари. Ајде сега да те сликам и ќе напишам и други да си купат цвеќе насабајле од кај тебе на Партизанска.Чекај да ја извадам маскава, убава да бидам.Среќата ја прават малите нешта“, напиша Ангелкоски.

Слични содржини