Џенифер Гејтс (26), најстарата ќерка на основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, го роди своето прво дете.
Џенифер со својот сопруг, олимпискиот скокач Најел Насар, го објави раѓањето на нивната ќерка, чие име се уште не е откриено.
Но, иако е родена во едно од најбогатите семејства на светот, се чини дека девојчето нема да има раскошен живот како што многумина замислуваат.
И додека дедото на најновиот член на семејството Гејтс вреди 107 милијарди долари, таа веројатно нема да добие многу од неговото богатство.
Гејтс ги изрази своите стравови дека неговите деца ќе бидат „искривени“ од неговото богатство, па дури еднаш вети дека ќе ја користи својата заработувачка за „да им помогне на сиромашните“, а не на своите деца.
Додека ги воспитуваа своите деца, Бил и неговата поранешна сопруга Мелинда Гејтс – кои се разделија во мај 2021 година по 27 години брак – дадоа се од себе нивните три деца, Џенифер, Рори и Фиби, да имаат нормално детство.