Блејк Лајвли само што се породи со нејзиното второ дете, но дури ни тоа не можеше да ја спречи актерката да присуствува на венчавката на нејзината најдобра другарка и асистентка Џесика Снајдер.
За време на викендот, мајката на двете деца излезе за специјалната прилика и таа секако изгледаше прекрасно. Таа беше облечена целосно во црна боја и на нејзиниот инстаграм профил постираше “слатка” слика заедно со нејзината пријателка.
“Најубавата невеста на планетата и најдобрата другарка што можеше да постои. Ти благодорам што си ми се.”
29-годишната актерка се погрижи да ги покаже и деталите од невестинскиот фустан, како што би направила само вистинска другарка.