ФОТО: Бредли Купер во врска со поранешната девојка на Леонардо ди Каприо

од Stefanija Kuzmanovska
293 прегледи

Познатиот актер Бредли Купер и популарната манекенка Џиџи Хадид постојано се под будното око на светската јавност.

Имено, изминатиов период актерот и манекенката беа видени заедно во неколку наврати, па нивниот однос почна да ја интригира јавноста, а многу се зборува за нивната наводна врска.

Бредли Купер и Џиџи Хадид се појавија во четвртокот на специјална вечера во Њујорк, каде не останаа незабележани.

Папараците ги фотографирале манекенката и актерот кога излегле од ресторанот.

Љубовниот живот на контроверзната манекенка Џиџи почна да ги интересира светските медиуми од моментот кога пред неколку месеци ја прекина врската со актерот Леонардо ди Каприо, а сега изгледа дека си најде нова љубов.

Од друга страна, Бредли Купер беше во емотивна врска со познатата Ирина Шајк.

Слични содржини