(ФОТО) Д Викенд ја скрши ледената маска и ја бакна Селена Гомез на црвениот тепих

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Откако стана јасно дека Селена Гомез и The Weeknd се заедно, во медиумите го обвинија раперот дека се однесува прилично ладно со својата пријателка на јавни места.

Можеби за да ги побие сличните тврдења на црвениот тепих за време на Met Gala 2017, пејачот покажа искрена љубов кон својата партнерка и ја бакна нежно пред стотиците погледи вперени во нив.

24-годишната Селена и 27-годишниот Абел Тесфај се појавија заедно, со што потврдија дека односите меѓу нив се сериозни.

За романсата стана јасно уште во јануари оваа година. Малкумина веруваа дека нивната врска ќе опстане, бидејќи само два месеци порано The Weeknd се раздели со неговата поранешна девојка Бела Адид и фановите побрзо очекуваа повторно да се соберат. 

Всушност раперот сè уште не дава знаци дека е подготвен за сериозна врска. “Ми се чини дека во овој момент сакам попрво да имам дете и дури потоа да се женам – раскажува тој во едно неодамнешно интервју. – Децата за мене се на прво место, а некако мислите за женење се уште ме плашат “.

Затоа пак моделот Бела Адид исто така беше дел од настанот, но таа дојде соло.

Фото: Reuters