1,2K
Адријана Лима, бразилска манекенка и поранешна сопруга на кошаркарот Марко Јариќ, се појави на црвениот тепих на 80-тиот Филмски фестивал во Венеција, но фустанот што го избра за оваа пригода наиде на бројни критики.
Лима прошета на црвениот тепих во долг светло златен фустан со длабоко деколте и набори.
Многумина истакнаа дека оваа боја не оди баш најдобро со нејзиниот тен, како и дека кројот на фустанот не ја истакнува нејзината фигура на вистински начин.
Покрај тоа, таа доби критики за нејзиниот избор на шминка и накит.
Инаку, Адријана Лима со месеци е цел на онлајн критичарите поради фактот што се здебелила по бременоста. Имено, манекенката неодамна го роди своето трето дете.