ФОТО: Дали со овој потег на Вимблдон Аријана Гранде потврди дека се разведува?

од Stefanija Kuzmanovska
340 прегледи

Пејачката Аријана Гранде присуствуваше на финалето на тенискиот меч меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз на Вимблдон.

Таа беше придружувана од актерите Џонатан Бејли и Ендру Гарфилд, но со неа не беше нејзиниот сопруг Далтон Гомез.

Покрај тоа, пејачката не носеше ниту бурма, што дополнително ги подгреа шпекулациите дека парот наводно се разведува.

Имено, како што пишува TMZ, добро упатен извор тврди дека Аријана и Далтон не живеат заедно од јануари, а се започнало на крајот на декември кога Аријана почнала да го снима филмот „Wicked“, поради што таа и нејзиниот сопругот биле разделени со километри.

Тие наводно не успеале да го спасат бракот и решиле да останат блиски пријатели, но се уште официјално не се огласиле, а Аријана му ја честиташе втората годишнина од бракот на Далтон со јавна романтична објава во мај.

„Тие двајца заедно донесоа одлука. Проблемите започнаа пред јануари, но тие решија да останат најдобри пријатели. Навистина беа добри пријатели низ целиот овој процес и нивните пријатели и семејства се обидуваат да ги заштитат“, изјави извор за Page Six.

Двојката се уште не дала официјална изјава за ова прашање, па се уште не е јасно дали се работи само за шпекулации или има вистина во приказните за нивниот развод. Многумина забележаа дека на Вимблдон пејачката била „премногу блиска“ со Џонатан Бејли и дека меѓу нив се чини дека има „нешто повеќе од пријателство“, а нејзиниот сопруг оттогаш ги избришал неговите профили на социјалните мрежи, што само дополнително ги подгреа гласините.

Слични содржини