(ФОТО) Демонстрантите ја гаѓаат Владата со јајца

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Бројот на демонстрантите пред Владата на РМ од час на час сè повеќе се зголемува. Бидејќи е пробиен првиот кордон, нов кордон на полицајци е поставен пред самиот влез на Владата.11050310_10153294949577430_7090733314788918470_n

Демонстрантите ја гаѓаат Владата со јајца извикувајќи „Грда ви е Владата.“

IMG_0166 (1) IMG_0164 IMG_0163

По последната бомба на Зоран Заев, во која беа пуштени разговори поврзани со убиството на Мартин Нешковски, илјадници граѓани по повик на братот на Нешковски, се собраа на протест пред Владата. Полициски службеник ја отворил рампата пред Владата за демонстрантите да влезат во дворот на владиниот објект и го напуштил работното место.