(ФОТО) Џиџи Адид ја обои косата во розе злато

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Откако 2016 година мина во знакот на комбинации меѓу две бои за коса, новата 2017 година започнува со истата тенденција во уште подрзок стил.

Џиџи Адид го означи почетокот на експериментите и новите трендови со објавувањето на своја слика, на која е со боја на розово злато во косата.

Експериментот на убавицата ги израдува нејзините фанови и обожаватели, кои побрзаа да искажат восхит кон храбрата одлука.

Сликата е прикачена во Instagram, а веројатноста тоа да е перика е многу голема.

Супермоделот често тестира нови фризури и стилови, докажувајќи дека сето ѝ стои, но на крајот секогаш се враќа кон класичните невнимателни бранови и нежни руси тонови.