(ФОТО) Дрејк опасно близок со порно ѕвезда во Амстердам

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Иако е новото момче на Џенифер Лопез, Дрејк беше виден како се забавува во друштво на бринета во Амстердам.

Двајцата вечераа во јапонски ресторан. Во видливо добро расположение, партнерката на пејачот беше препозната од Daily Mail како порнозвездата Rosee Divine.

Во типичен атрактивен стил, Дрејк бил облечен во јако жолта јакна што се забележува оддалеку.

Фотографи го снимиле како разговара по телефон за време на вечерата, но брзо го пренасочил вниманието кон дамата. Двајцата видливо биле во многу добро расположение и многу се смееле.

Во исто време стана јасно дека Џенифер Лопез која се зближи со Дрејк во декември минатата година, јавно објавила дека најблиски до срцето ѝ се нејзините близнаци Еми и Макс, кои се од бракот со Марк Ентони.

Латино ѕвездата пушти слики на социјалните мрежи како се забавува со своите деца. Блиски до пејачката раскажаа за весникот дека таа гледа да не избрзува со односите со раперот.