252
Една од најпознатите плус сајз модели, Ешли Греам, се појавила во скапоцен стајлинг на роденденската прослава на нејзината пријателка Тори Кели во хотел во Беверли Хилс.
Познато е дека Ешли често избира пократка и потесна облека и покрај нејзините облини.
Овој пат таа се одлучи за „златен“ фустан и штикли од Jimmy Choo x Timberland Crystal Boots, кои се продаваат по цена од 5.000 евра.
Поради својата самодоверба, Ешли има се повеќе обожаватели ширум светот, како и се поголема поддршка од жените. Таа неодамна роди близнаци.
Сликите на Ешли во овој оскуден фустан, скапи штикли и собрана коса брзо се проширија на социјалните мрежи, а таа уште еднаш докажа дека не ѝ е грижа за негативните коментари.