591
Актерката Ева Лонгорија важи за една од најубавите жени на светот и со својот изглед редовно привлекува големо внимание.
Нејзините стајлинзи често се беспрекорни, а кога ќе се појави на црвениот тепих, нејзините гламурозни изданија често оставаат без здив.
Пред неколку дена актерката ги изненади сите со промена на изгледот, односно нова фризура.
Ева ја скрати косата и ја обои во потемна нијанса, а ги скрати и шишките.
Нејзиниот нов изглед малкумина ги остави рамнодушни, а додека на некои им се допаѓа вака, други мислат дека претходната фризура на актерката изгледала подобро.