ФОТО: Голем пожар изби спроти трафостаница во Пинтија

од Берта Китинска

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи објави дека пожарот е под контрола.

„Голем пожар изби спроти големата трафостаница во Пинтија, непосредно под големиот далновод.Засега нема прецизни информации дали ова е причината за тоа што цело Скопје остана без струја.Со екипите сме на терен, алармиран е и кризниот штаб на општина Кисела Вода и засега пожарот е ставен под контрола благодарение на брзата интервенција на противпожарната бригада.Ќе останеме на терен за да ја следиме ситуацијата“, вели Ѓорѓиевски.

Слични содржини