(Фото) Холивуд го слави поразот на Орбан: Еве како реагираше славната оскаровка

од Весна Трајкова
49 прегледи Фото: Wikimedia Commons

Американската актерка со унгарско потекло, Џејми Ли Кертис, реагираше на резултатите од парламентарните избори во Унгарија со објава на социјалните мрежи. Историски избори во Унгарија, историски пораз на долгогодишниот премиер Виктор Орбан.

Оскаровката сподели порака уште во неделата вечерта, по локално време во Калифорнија, во која напишала: „Ништо не се менува додека нешто не се промени! Денеска сум горда на моето унгарско потекло!“

Во својата приказна на Инстаграм, Кертис споделила и статија од американското списание „Атлантик“, а која истиот ден била водечки текст на тој магазин и се занимавал со изборите во Унгарија.

Кертис има унгарско потекло од страната на својот славен татко. Нејзиниот татко бил познатиот американски актер Тони Кертис, роден како Бернард Шварц. Неговите родители биле еврејски емигранти од тогашна Австро-Унгарија, односно од подрачјето на денешна Унгарија и Словачка.

Таткото на Тони Кертис, Емануел Шварц, е роден во градот Матешалка во источна Унгарија, додека неговата мајка потекнува од регионот што денес припаѓа на Словачка. Семејството емигрирало во Соединетите Американски Држави на почетокот на 20. век.

Џејми Ли Кертис постојано јавно го нагласува своето средноевропско, вклучително и унгарско потекло, што повремено се одразува и во нејзините јавни настапи, особено кога станува збор за настани во Унгарија.