
Пред неколку дена американскиот војник Бредли Менинг, кој по промената на полот веќе се нарекува Челзи Менинг, беше ослободен од затвор. Челзи беше информатор на сајтот Викиликс.
Тој или Таа – одлежа 7 од 35-годишната затворска казна по различни обвиненија, меѓу кои откривање на доверливи информации и шпионажа. Наскоро по заминувањето од затворот таа објави свои слики на профилот на Twitter и Instagram. Така за прв пат покажа како изгледа по промената на полот.
Бредли Менинг беше уапсен во мај 2010 во Ирак, каде бил на служење. Тој признава дека му предал на сајтот WikiLeaks видеоснимка од воздушни напади, при кои беа убиени мирни жители, како и тоа стотици извештаи за инциденти на фронтот во Авганистан и Ирак, досиеја на затвореници од Гвантанамо и околу 250 000 дипломатски телеграми на Стејт департментот. Во последните денови на функцијата поранешниот претседател на САД Барак Обама ја намали казната на Менинг. А еве како изгледа Челзи денес:
Okay, so here I am everyone!! =Phttps://t.co/NuyZlcWfd9#HelloWorld pic.twitter.com/gKsMFTYukO
— Chelsea E. Manning (@xychelsea) May 18, 2017