ФОТО: Искршен семафор на булеварот Борис Трајковски

од Aleksandar Todeski
290 прегледи

На новогодишната ноќ е искршен семафорот на булеварот Борис Трајковски веднаш до бараките на Општина Кисела Вода, во правец кон населбата Драчево, но само во горниот дел. Се уште не се знае кој и како го искршил семафорот.

Фото: Локално.мк

Инаку, новогодишната ноќ помина во мирна атмосфера, без поголеми инциденти. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски истакна дека припадниците на МВР, како и досега, професионално ги извршувале работите за да има успешна и безбедна новогодишна ноќ.

„Во билтенот на СВР Скопје ноќеска има регистрирано само два настани и тоа пред почетокот на забавата. Иако имаше голема прослава, помина без никакви инициденти. Имаме неколку настани во делот на сообрќајните несреќи, кои за среќа се без жртви со незначителна штета или повредени. Други настани и во другите сектори кои биле поголем безбедносни проблеми или ризици нема забележано. Безбедноста е на едно високо ниво“, рече Спасовски.

Слични содржини