Стилски бункер од стакло и цинк покрај аеродромот во Брисел, чини 1 милјарда евра.

Како засбиени нокти од гигантска птица, се основата на осумте крила на новиот штаб на НАТО, во близина на аеродромот во Брисел. Нејзината архитектура велат познавачите крие симболи , го нагласува единството и колективната одбрана на сојузниците од пактот и ја истакнува нивната моќ и непоколебливост. Осветувањето на зградата се случи на самитот на НАТО која е сместана на 40 хектари земјиште.
Зградата е стаклено – челична, стилски исчистена од сложени детали, висока само 34 метри. Има седум спрата и едно подземно ниво. Такви биле условите на Белгијците и на најблискиот аеродром. Сјајното стакло на зградата го има во изобилство. Зафаќа површина од 72.000 квадратни метри и може да покрие 10 фудбалски игралишта.
Како споменици во зградатата се изложени остатоци од Берлинскиот зид и остатоци од 107 кат на една од кулите близначки во Њујорк, за да потсетуваат на студената војна, 11 септември и терористичките закани.