ФОТО: Кејт Мидлтон блесна на венчавката на јорданскиот престолонаследник

од Stefanija Kuzmanovska

Јорданскиот престолонаследник, принцот Хусеин се ожени вчера, а оваа венчавка многумина ја нарекуваат свадба на деценијата во арапскиот свет.

Свадбата се одржува во Аман, во палатата Захран, а се присуствувале околу 1.700 гости од целиот свет.

На венчавката пристигнаа и британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон.

Вилијам се појави во свечен, темен костум, додека неговата сопруга повторно ги воодушеви сите со својот моден избор во розов фустан.

Станува збор за фустан со долги ракави, а е креација на албанската дизајнерка Ели Саба.

Со оглед на тоа дека има ролка околу вратот, Кејт од својот накит носеше само ефектни обетки, а со својот стајлинг уште еднаш успеа да стане главна тема на сите медиуми.

Слични содржини