(ФОТО) Келвин Клајн провоцира со 73 годишен модел за долна облека

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Во новата рекламна кампања на Calvin Klein за последните предлози при долна облека, режисерката Софија Копола собира во една лента жени од неколку генерации.

Заедно до 18-годишните модели застанува и 73-годишната Лорен Хатон. Во персоналната селекција на Копола падна уште Рашида Џонс, Маја Хок, Лора Еја и Кирстен Данст.

Самата режисерка, на прашање од новинарите зошто прифатила сличен ангажман, рече: “Ја обожавам целата американска идеја на Calvin Klein за жените и за мажите.”

“Старите реклами на Аведон (Ричард) со Енди Мекдауел, фотографиите од 90-те со Кејт Мос … имам чувство дека овие кадри имаа големо влијание врз мене во раните мои години.”, раскажа Копола.

Ете затоа решив да покажам вистинските тела во рекламата за долна облека – паметни жени со вистински тела, достапни луѓе, без разлика на нивната возраст.

Сакавме да ја покажеме убавината во женските тела без разлика на нивната возраст и потекло. Сликите се во црно и бело и имаат за цел повторно да провоцираат.

Во видеото, дел од кампањата, 73-годишната Лорен Хатон ја раскажува својата лична приказна од минатото.

Сите кадри од рекламната кампања можете да ги разгледате во нашата галерија.