Помина еден месец, откако Ким Кардашијан беше ограбена под закана со оружје и таа полека, но сигурно се враќа во центарот на вниманието.
Риалити ѕвездата позираше за нејзината прва фотографија, по грабежот во Париз, и тоа поради значајна причина.

Покажувајќи бледа насмевка, Ким позираше со сопругот Канје за да го прослави 16-тиот роденден на Камерон Стерлниг. Камерон е најстариот син на Алтон Стерлинг, човекот кој беше смртно застрелан од страна на полицијата, на 5-ти јули, во контроверзен инцидент.
На фотографијата, Ким е облечена лежерно во тренерки, со црна капа на главата.
Таа во понеделникот, сподели неколку објави на нејзиниот фејсбук профил, но за кратко време ги избриша. Близок пријател на Ким, изјави за “People” дека Ким “се уште размислува за тоа, кога да се врати на социјалните медуими”.
