140
И покрај ултрапрепознатливото лице, Луо Јуанпин, селанец од кинескаа провинција Анхуи, се плаши дека ќе остане самец. Путиновиот двојник повторно го привлече вниманието на медиумите во текот на дводневниот престој на кинескиот претседател Си Џинпинг во Москва, поради преговорите со вистинскиот Путин.
Луо Јуанпин страда по љубов.
Луо дури има и светли очи, што е многу ретка карактеристика во кинескиот народ, и висок е 172 см, баш како и рускиот претседател.
И покрај целата своја слава 54 годишниот Кинез се плаши дека нема да успее да ја пронајде љубовта на сојот живот.
Путин и “Путин”
Всушност, иако од 2011 година гостуваше во бројни телевизиски емисии и дал безброј интервјуа за познати весници и магазини, живот на Луо воопшто не се промени. Тој и понатаму е земјоделец, локално е познат и нема доволно приходи за да може да си дозволи женидба.