(ФОТО) Кој му е изборот на сириското дете денес?

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Откако вчера интернетот беше преплавен од споделувања на видеото и фотографијата кои го прикажуваат 5 годишното крваво момче, покриено со прашина и седнато осамено и молчаливо во амбулантно возило, по преживувањето на бомбардирањето на Алепо, уметниците го земаа како симбол на денешниот апсурд и го искористија за да го пресликаат трагичниот живот на сириските деца низ повеќе уметнички дела.CqFTy-YXgAA9gTV1-768x512

(ВИДЕО+ФОТО) Снимка која го шокира светот – 5-годишно дете извлечено од урнатините во Алепо

Како можеби најсилна илустрација, ја издвојуваме приложената подолу, во која се потсетуваме на уште една трагична, потресителна слика од минатата година. Онаа на малото момче кое беше пронајдено удавено на брегот на Бодрум, во обидот за бегство.SYRIA-BOY-2

Илустраторот Халид Албаих ги поврзува овие два ужасни призори прашувајќи го светот: Кој избор го имаат сириските деца денес?14079540_1757287457842902_514840882513602221_n

Да останат во Сирија надевајќи се дека ќе преживеат во рушевините од постојаните бомбардирања или, пак,  да побегнат, повторно надевајќи се, дека ќе преживеат во обидот?

Трагедијата е што децата немаат избор, зашто тие и онака тоа не го прават. Изборите ги прават возрасните, за нив. А, (не)изборите на возрасните ги доведоа до тој ќорсокак.

Ф.А.