Американската актерка Кристен Стјуарт ги шокираше фановите со целосно нов изглед. Стјуарт се појави со премногу кратка изрусена коса на премиерата на “Личен купувач” во Carondelet House во Лос Анџелес.
Според неа, таа одамна се простила со долгата коса – уште по завршувањето на снимањето на “Самрак”.
Иако е природна бринета, Кристен некое време ги преферира светлите тонови на косата.
26-годишната ѕвезда беше речиси непрепознатлива, додека одеше по црвениот тепих, пишува Daily Mail.
Филмот е психолошки трилер, во кој Стјуарт влегува во ликот на купувачот за ѕвездите. Хероината тагува за својот од неодамна покоен брат близнак и бидејќи има способност на медиум, со што оди во неговиот дом во Париз, решена да се сретне со неговиот дух.
Во моментов Кристен Стјуарт е геј, но пред некое време имаше врска со партнерот од “Самрак”, Роберт Патинсон.