ФОТО: Кумановци од сите националности маршираат заедно предводени од Заев

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Сплотени под македонското, албанското, српското и ромското знаме, илјадници кумановци од сите националности во градот, предводени од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пред малку го почнаа мирниот марш за повторно враќање на вистината, слободата и демократијата во Македонија, пренесе Плусинфо.

DSC_0447

Вечерашниот марш во Куманово е прв во низата кои во следниов период ќе се одржат низ Македонија. Предвидено е маршот да трае околу 40 минути, по што на плоштадот во центарот на Куманово ќе се одржи собир на кој ќе говори Заев.

DSC_0443

Пред пет часа тука во Куманово првпат и кумановци имаа можност да слушнат дел од „бомбите“кои ги поседува опозицијата а се однесуваат на криминалите и малверзациите, кои, според СДСМ, власта ги правела во последните изборни циклуси.

Фото – Плусинфо