Во последно време видовме многу од Мајли и Лиам на социјалните медуими, откако тие двајца ја обновија нивната романса претходно годинава. Тие споделуваат слики како се гушкаат со нивните миленици, смешни видеа како пеат заедно во кола и слатки слики од минатото, но тие се немаа појавено заедно на некој официјален евент, се до петокот.

Двојката се појави заедно на настанот “Variety’s women in power”.
Иако Сајрус беше центарот на вниманието како последна ѕвезда што ја красеше насловната страна на списанието и почесен гостин(заедно со Хелен Мирен, Лаверн Кокс и уште неколку други жени), таа сепак најде време за да направи неколку селфиња со нејзиното момче. Нејзиниот шармантен изглед, со панделка на главата одговараше со костимот на нејзиниот партнер.


Сајрус и Хемсворт ја прекинаа нивната свршувачка во 2013-та година, пред да се помират заедно минатата година. Постојат повеќе шпекулации за тоа дали свршувачката уште трае, откако пејачката беше видена како го носи вереничкиот прстен, но тие двајца јавно не потврдиле дали повторно планираат да стапат во брак.

Сепак, не очекувајте тие двајца да присуствуваат на многу вакви официјални настани во иднина затоа што Сајрус неодамна изјави дека таа нема повеќе да се појавува на црвениот тепих “се додека луѓето во светот гладуваат”.