Барби треската го зафати светот. Тоа можеби најдобро се одразува во розовите комбинации, кои судејќи според се ќе останат симбол на ова лето. Во оваа треска главна ѕвезда е Маргот Роби, главната ѕвезда на популарниот филм.
Таа покажа дека има беспрекорен стил за светската премиера на долгоочекуваниот филм во Лос Анџелес, а синоќа се одржа премиерата на филмот „Барби“ во Лондон, каде актерката блесна уште посилно.
Марго носеше црвен сатенски фустан од турско-британската дизајнерка Дилар Финдикоглу со корсет и го привлече вниманието на премиерата на филмот за најпознатата кукла на светот.
Иако ја придружува епитетот на една од најубавите жени на светот, црвениот сатенски фустан само дополнително го истакна нејзиното извајано торзо и нозе, како и сексапилот.