ФОТО: Милевски и Бочварски заедно со своите колеги од Бугарија слетаа во Скопје

од Берта Китинска
259 прегледи

На Меѓународниот аеродром Скопје утрово во 09:40 пристигна авионот од Софија на авиокомпанијата „Гуливер“. Со ова се реализира првиот лет кој директно ги поврзува двата главни града на Македонија и Бугарија.Со авионот во Скопје пристигнаа македонска и бугарска делегација предводени од министерот за транспорт Благој Бочварски и од неговиот бугарски колега Николај Сабев, како и туроператори од двете држави.

Ги поврзуваме Скопје и Софија и по воздушна линија. За само 35 минути слетавме во Скопје, напиша на својот Фејсбук профил министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

-Во првиот лет заедно со колегата Бочварски и со министерот и заменикот за транспорт и министерот и заменичката за туризам на Бугарија, како и со бројна делегација бугарски туроператори и новинари, напиша Милевски.

Слични содржини