ФОТО: Мобилен телефон од 360.000 долари

од Vladimir Zorba
172 прегледи

Новиот „Верта Сигнатур Кобра лимитед едишн“ мобилен телефон чини дури 360.000 долари.

Декориран е со рубини и опремен е со технологија што е постара повеќе од 10 години.

Само осум вакви телефони ќе бидат произведени, а едниот од нив ќе биде продаден во Кина.

 

Овој телефон е рачно изработен и прекриен е со 439 рубини, кои се поставени така што потсетуваат на кобра.

За очите на кобрата се искористени два смарагди.